This translation has not been proofread by the Council of Europe

Council of Europe: Efficiency of Justice (CEPEJ)

Стразбур, 10 јуни 2020 година

CEPEJ (2020) 8рев

ЕВРОПСКА КОМИСИЈА ЗА ЕФИКАСНОСТ НА ПРАВДАТА

(CEPEJ)

Ад хок виртуелен пленарен состанок на CEPEJ

Среда, 10 јуни 2020 година

Организиран во рамките на Грчкото претседателство

на Комитетот на министри на Советот на Европа

C E P E J    Д Е К Л А Р А Ц И Ј А

ЗА НАУЧЕНИТЕ ЛЕКЦИИ И ПРЕДИЗВИЦИТЕ

СО КОИ СЕ СООЧИ ПРАВОСУДСТВОТО

ВО ВРЕМЕ И ПО ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД-19

Европската комисија за ефикасност на правдата (CEPEJ) на Советот на Европа ги поддржува земјите-членки на организацијата во подобрувањето на ефикасноста и квалитетот на нивните судски системи со цел да се осигура дека тие работат во согласност со стандардите на Советот на Европа и ги задоволуваат потребите на оние што бараат правда.

Пандемијата КОВИД-19 е здравствена криза со сериозни човечки и социјални последици исто така создаде предизвици за судовите и судските органи во земјите-членки. Ти поканува да ги рефлектираат иновативните мерки што можат да се појават во судските системи.

Земјите-членки направија значителни напори да се прилагодат на новите околности за кратко време и најдобро да ги искористат постојните ресурси за да обезбедат функционирање на нивните судови. Тие треба да ја имаат предвид сегашноста и да извлечат поуки од ова искуство. Кризата не може да се користи за оправдување на недостатоците во судските системи и уште помалку за намалување на стандардите или

прекршување на законските гаранции.

Ваква здравствена криза може да се повтори. Судските системи треба да бидат подготвени, особено што се однесува на пронаоѓање ефективни решенија за да се обезбеди континуитет на судската работа и пристап до правдата со целосно почитување на индивидуалните права.

Во овој контекст, CEPEJ сака да ги потсети земјите-членки на следниве важни принципи:

Принцип 1 (Човекови права и владеење на правото)

Принципите од членот 5 - Право на слобода и безбедност - и членот 6 од Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП) - Право на правично судење - треба да бидат заштитени во секое време и стануваат особено важни за време на кризата. Континуираното функционирање на судството и на услугите обезбедени од професионалци во правосудството треба да бидат обезбедени врз основа на европските стандарди. Довербата во правдата мора да продолжи и во време на криза.

Кризата бара брз и итен одговор. Сепак, каков било вид на реакција на кризата мора строго да се заснова на принципите на владеењето на правото и мора да ги почитува и штити човековите права. Итните мерки мора да ги почитуваат принципите на законитост, правна сигурност и пропорционалност и треба постојано да се преоценуваат. Судските власти и правосудните професионалци треба, каде што е соодветно, да се консултираат за прописи за итни случаи. Воведените мерки мора да имаат фиксен датум до кој ќе траат, а треба да биде обезбедена и нивна навремена судска оцена.

Принцип 2 (Пристап до правда)

За време на пандемијата, затворањето на судовите може да биде потребно за да се заштити здравјето и безбедноста на правните професионалци и клиентите. Тоа треба да биде сторено на внимателен и пропорционален начин бидејќи резултира со важно ограничување на пристапот до правдата што е фундаментален принцип на владеењето на правото.

Служењето на правдата во јавен интерес мора да се одржува што е можно повеќе, вклучително и обезбедување пристап до правдата со алтернативни средства како што се онлајн услуги или зајакнување на пристапот до информации преку судски веб-страници и други средства за комуникација (телефон, е-пошта, итн.).

Поголема консултација и координација со сите правници (вклучително и адвокати, извршители, медијатори и социјални услуги) ќе помогнат да се обезбеди добро ниво на пристап до правда.

Пристапот до правдата мора да се обезбеди за сите корисници, но во време на здравствена криза, посебно внимание мора да се посвети на ранливите групи кои се уште повеќе изложени на ризик да страдаат од ситуацијата. Така, судските системи треба да им даваат предност на случаите што се однесуваат на овие групи, како што се случаи на семејно насилство, особено врз жени и деца, случаи кои вклучуваат стари лица лица или лица со попреченост или во врска со сериозни економски ситуации. Ранливостите што произлегуваат од кризата исто така треба да бидат земени во предвид.

Принцип 3 (Безбедност на лицата)

Обезбедување на здравјето и безбедноста на сите правосудни професионалци, како и на корисниците во судовите мора да бидат приоритет за време и по здравствената криза. Треба да се воведат мерки за безбедност за да се почитува потребното физичко растојание во просториите на судот. Сите мерки треба да бидат подготвени во консултација со сите засегнати, да бидат јасно објаснети, редовно оценувани и прилагодени на новите околности.  Тие може да бараат дополнителни инвестиции во судската инфраструктура.

Работењето од далечина треба да биде овозожено за сите правосудни професионалци. Треба да им се обезбеди неопходна и безбедна ИТ опрема. Особено внимание треба да се посвети на нивната благосостојба во текот на работењето од далечина и, особено, на фактот дека станува збор за исклучителни услови за работа кои може да бараат и соодветна поддршка.

Принцип 4

(Следење на движењето на предметите, квалитетот и перформансите)

Функционирачките системи за движењето на предметите и механизмите за собирање статистички податоци што се однесува на функционирањето на судовите е особено релевантно за време на здравствена криза.

Претседателите на судовите, судиите и органите одговорни за управување со судовите треба да продолжат да ги следат и управуваат случаите во согласност со нивните одговорности, дури и од далечина. Ова вклучува судење на случаи со приоритет и прераспределба на случаите засновани врз објективни и правични критериуми и обезбедување квалитетна правда.

Со оглед на бројот на случаи што не може да се процесуираат и одложувањата на рочиштата, преку човечки ресурси и буџетска поддршка треба да им се помогне на судовите да воспостават план за совладување на одложувањата.

Овозможување на подобро и флексибилно распределување на ресурсите што е можно поблиску до локалната реалност за време и по кризата е клучен во обезбедувањето на итно функционирање на судовите и спречување на какво било влошување на постојните тешкотии во судските системи.

Принцип 5 (ИКТ правда – cyber justice)

Прибегнувањето кон ИКТ технологии нуди можност правдата да одговори на јавниот интерес и да продолжи да функционира за време на здравствената криза. Сепак, нивното брзо појавување и прекумерната употреба може подеднакво да донесе негативни последици.

ИKТ решенијата, како што се мрежни услуги, судења од далечина и видеоконференции, како и иден развој на дигиталната правда секогаш мора да ги почитува основните права и принципи на правично судење.

           

Со цел да се ​​намалат ризиците својствени за развитокот на ИКТ технологијата и нејзината употреба и пристапност до сите корисници треба да има јасна правна основа. Во овој поглед  посебно внимание треба да се посвети на најранливите групи. Затоа, влијанието на употребата на овие технологии врз спроведувањето на правдата треба да биде редовно оценувано и треба да се преземаат мерки за санација кога е тоа потребно. Обезбедување на сајбер-безбедност и заштитата на личните податоци мора да биде приоритет.

Принцип 6 (Обука)

Обуката е од фундаментално значење за ефективно управување со здравствената криза во иднина. Обуката во судството треба да се прилагоди на новите потреби, вклучително и на употребата на ИКТ. Треба да бидат развиени нови наставни програми

за поддршка на правосудните професионалци за време и по здравствената криза.

Затворањето на судовите и мерките за ограничување на движењето може да им овозможат на правосудните професионалци да посветат повеќе време на обука од дома во сигурна и безбедна средина. Институции за обука треба да развијат употреба на платформи за е-учење.

Треба да се обезбеди специфична обука за работа од далечина за правосудните професионалци.

Исто така, треба да се спроведе и специфична обука за новите типови на случаи кои произлегуваат од пандемијата на КОВИД-19 предвидени за правосудните професионалци.

За специфичните потреби за обука, правосудните професионалци треба да бидат консултирани од страна на надлежните нституции, вклучително и преку Интернет анкети,.

Принцип 7 (Правда свртена кон иднината)

Пандемијата на КОВИД-19 беше и повод да се воведат иновативни практики за итна помош. Треба да се развие стратегија за трансформација на судските органи за да се искористат придобивките од новоспроведените решенија. Некои аспекти на традиционалното судско функционирање треба да се преиспитаат (односите со медиумите, нивото на употреба на новите технологии, зголемената прибегнување кон

алтернативно решавање на спорови, особено на медијација).

Кон трансформацијата на судството во иднина треба да се пристапи на позитивен начин и секогаш со почитување на основните права загарантирани во ЕКЧП. Исто така би било соодветно да се одржи потребниот дијалог помеѓу сите чинители во правосудниот систем и да се искористат новите односи создадени помеѓу судии, обвинители, судски персонал, адвокати, извршители, нотари, медијатори и експерти во моментот на здравствената криза.

Заклучок

Во текот на изминатите 15 години, CEPEJ ги разви своите методологии, алатки и најдобри практики за анализирање и поддршка на ефикасноста и квалитетот на судските системи. Овие алатки можат да бидат корисни особено во периодот на криза и за време на нејзините последици, да се извлечат лекции - позитивни и негативни - како дел од процесот на евалуација во правец на подобрувањето на функционирањето на правдата.

Декларацијата во која се содржани принципите дава основа за можен нов патоказ („feuille de route“) на CEPEJ да им обезбедува на земјите-членки насоки во период на криза што влијае врз јавниот интерес на којшто треба да одговори правдата.